Ekipa
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
АТИНА (АА) - Грчките работници од јавниот сектор ги напуштија своите работни места и започнаа 24-часовен штрајк во знак на протест против реформите на социјалното осигурување кое е побарано во рамките на третиот пакет за меѓународна помош за Грција. Со овој потег се стопирани летовите, затворени се училиштата, а јавните радиодифузери не објавуваат вести, јавува Anadolu Agency (AA).
Контролорите на воздушниот сообраќај денес се приклучија на штрајкот што предизвика затворање на Меѓународниот аеродром во Атина, а тоа пак ја принуди авиокомпанијата да ги откаже сите летови. Државната болница и брзата помош работат само во итни случаи, додека инженерите, адвокатите и новинарите се во целосен штрајк.
Демонстрациите на улиците на Атина се најавени за попладневните часови.