Aynur Ekiz
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, истакна дека новиот Устав на Република Турција ќе се заснова на либерално, а не на авторитативно разбирање на секуларизмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу денеска говореше на редовниот состанок на пратениците во Собранието пред Партијата за правда и развој (AK Parti) во Анкара и притоа се осврна на актуелните случувања.
Во врска со измената на Уставот на Република Турција, Давутоглу изјави дека тие продолжуваат да работат на тоа, во согласност со изборните ветување дадени на граѓаните на Република Турција.
Ахмет Давутоглу се осврна и на тврдењето дека Турција „го исфрла секуларизмот и воведува шеријат” велејќи дека Турција „ќе даде место на либералното а не на авторитативното сфаќање на секуларизмот”.
Според него, владејачката АК партија не е во потрага за било какви други решенија и во оваа смисла ги смета за погрешни сите шпекулации на оваа тема.
Тој рече дека Турција продолжува со одлучната борба против тероризмот и дека ја воспоставува безбедноста во населените места во земјата.
„Се додека нашиот народ во целост не биде ослободен од опасноста од тероризмот, нашата решителна борба ќе продолжи. Ни се закануваа со ,пролет'. Но, ние сме решени да одговориме на оние кои сакаат да ја уништат нашата пролет, им даваме одговор и ќе продолжиме да го даваме и во иднина”, рече Давутоглу.
Инаку, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во вторник во Загреб по состанокот со хрватската претседателка Колинда Грабар - Китаровиќ, изјави дека Турција е на еднаква дистанца во однос на сите верски групи кои живеат во неа.