Elvir Hociç
20 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Европското фудбалско првенство се одржува во Франција од 10-ти јуни до 10-ти јули, а за денес се закажани натпретварите од третиот круг и расплетот во интересната група Б, во која ќе се сретнат Русија и Велс, и Англија и Словачка, јавува Anadolu Agency (AA).
Двете средби пради правилата за регуларноста на последното коло од групната фаза се играат во ист термин од 21:00 часот.
Русија и Велс својот натпревар го играат на градскиот стадион во Тулуз, кој ќе биде можност за „одмазда” на Велшаните за непреболениот пораз кои им го нанесоа Русите во баражот за ЕУРО 2004 година. Русија беше подобра и во двата квалификациски натпревари за Светското првенство 2010 година.
Англија и Словачка својот меч ќе го играат на стадиоинот „Geoffroy Guichard“ во Сен Етјен. Англичаните сакаат победа и во групната фаза да завршат како првопласирани, но слични апетити имаат и Словаците.
По две одиграни кола, Англија е водечка во групата со четири бода, Словачка е на второ место со еден бод помалку, Велс е на третото место исто така со три бода, додека Русија е последна со еден бод.
Средбите од третото коло ќе ги одредат првите две места кои гарантираат пласман во осминафиналето, додека третопласираните ќе го чекаат расплетот во другите групи и ќе се надеваат дека ќе бидат меѓу четирите најуспешни трети тимови од вкупно шест групи.