Bekim Laci
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Со доаѓањето на летната сезона сè повеќе се зголемува ентузијазмот на граѓаните na Скопје и надвор од градот, бидејќи од високи температури ова лето би можат барем малку да се освежат во езерото Треска во Сарај.
Само 12 километри од центарот на Скопје и со површина од 136.000 метри квадратни, се наоѓа компексот на езерото Треска кој има капацитет за 10 илјади капачи. Комплексот, кој е изграден во 1970-тите години преку личниот придонес на луѓето, денес дури и не наликува на поранешниот атрактивен комплекс со ресторани и пазари, кога за здравјето и безбедноста на граѓаните во рамките на комплексот имало полициска станица и брза помош која пружала медицински услуги.

Кадрите што ги направи Anadolu Agency (АА) покажуваат еден напуштен простор со дисфункционални базени, ресторани кои не работат, нефункционални тоалети и напуштени камп-куќи, кои се придружни елементи на секое одморалиште, додека водата не ги исполнува здравствените критериуми за пливање. По осамостојувањето на Република Македонија, долго време овој комплекс бил под надлежност на Олимпискиот комитет, а подоцна и на градот Скопје, каде што немало никакви инвестиции, на крајот од минатата година, како што вели градоначалникот на општина Сарај, Беким Мурати во изјава за Anadolu Agency, со одлука на Владата езерото Треска беше дадено во сопственост на општина Сарај, која е надлежна за урбанистичкиот план кој наскоро се очекува да ги помине постапките во Министерството за транспорт и врски.

"Од самиот почеток кога разговаравме за добивање на овластување над езерото немавме за цел доживотно управување како општина, туку имевме цел да ги создадеме потребните услови за подоцна да најдеме фирма која ќе го стави во функција езерото кое пред 20 - 30 години беше гордост на Скопје и пошироко. Ние интензивно работиме и можам да кажам дека следната година овој објект ќе стапи во функција и ќе им служи на сите граѓани кои ќе можат да поминат еден ден или викенд на езерото", рече Мурати. Според него, пуштањето во функција ќе биде направено преку јавно-приватно партнерство или концесијата која ќе ја добијат со компаниите заинтересирани за развој на нивниот бизнис.
Зборувајќи за текот на преговорите со странските страни за доделување на управувањето со езерото, Мурати истакна дека турските компании оставиле посериозни впечатоци, несакајќи да спомене конкретни имиња, што, како што рече, нема да биде во духот на водењето бизнис.

"Турските компании се најсериозните бидејќи на секој состанок што го имавме доаѓаа со комплетна документација и конкретни идеи. Врз основа на нашата анализа ќе треба голема сума на средства за езерото да се врати во живот и истиот да се претвори во атракција и затоа се потребни компании со силен капитал. Но, јас сум повеќе од убеден дека турските компании се оние кои се во согласност со критериумите и параметрите кои ќе ги добиеме за управувањето со езерото Треска", рече Мурат.
Тој вели дека искуството на турските компании заинтересирани за секторот туризам ги направило поголеми оптимисти дека езерото Треска го очекува една оптимистичка иднина, а за АА откри детали од планот за заживување на комплексот, каде што покрај хотели и спа-центри планирана е изградба на лифт кој ќе го поврзува езерото Треска со кањонот Матка.