Mümin Altaş
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара, во рамките на својот говор потсети дека германските власти не дозволиле тој да се обрати преку видеолинк на еден од претходно одржаните митинзи во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган имаше обраќање во Народниот конгресен и културен центар во Анкара, по повод 24. ноември, Денот на учителите, а во таа пригода се осврна и на актуелните случувања.
Турскиот претседател во своето обраќање изнесе критики на сметка на германските власти.
„Не е дозволено обраќање на претседателот на Турција по пат на телеконференција, но се дадени дозволи на лидерите на терористичките органи. Тоа се органи за поддршка и заштитници на тероризмот. Тоа треба да го знаете“, изјави Ердоган.
Тој нагласи дека борбата против тероризмот е должност и обврска на општеството во целина.
„За борба против терористите се задолжени силите за безбедност, а борбата против тероризмот е должност и обврска на општеството во целина. Жално е дури и само едно од нашите деца да падне во рацете на овие злосторници, без разлика која терористичка организација ги врбувала. Тажно е дури и едно наше дете да го изгуби својот пат и да ги предаде својата татковина, народот и родителите. Затоа ја продолжуваме заедничката борба против ова зло“, рече Ердоган.
Осврнувајќи се и на терористичката организација ФЕТО, Ердоган истакна дека тоа е еден производ на јакобинска и присилна образовна политика, која е заостаната во времето и оддалечена од темелните општествени вредности.
„За жал, образовните политики коишто се непознати за повеќевековната историја и културата на нашата земја, произведоа конфликтни, болни и дволични генерации. Особено ФЕТО е производ на една јакобинска и присилна образовна политика, која е заостаната во времето и оддалечена од темелните општествени вредности“, порача турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.