Servet Günerigök
27 Март 2016•Ажурирано: 28 Март 2016
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го осуди денешниот самоубиствен напад кој се случи во паркот во пакистанскит град Лахоре , јавува Anadolu Agency (AA).
"Остро го осудувам терористичкиот напад кој се случи во пакистанскиот Лахоре", соопштено е од Претседателството на Турција.
Во нападот според последните информации, убиени се 63 додека 300 се повредени.
"Нападот кој се случи во забавниот парк преполн со семејства, посебно со деца, го открива лицето на теророт кој не познава граници и вредности.Овој напад е испит за сите земји да го покажат ставот према лицето на теророт", рече Ердоган.
Турскиот претседател изрази сочуство на семејствата на жртвите, неговиот пакистански колега Момнон Хусеин и на премиерот Наваз Шариф.
Во соопштението Џемаат ул-Ахрар, групата поврзана со пакистанските талибани, ја потврди својата одговорност за бомбашкиот напад кој ја потресе пакистанската јавност.