İlkay Guder
29 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција во акцијата „Штитот на Еуфрат" нема поддршка, како од земјите, наводни сојузници, кои имаат свои сили во регионот, а ниту од НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган зборуваше на церемонијата на доделување на награди која ја организира Советот за научни и технолошки истражувања на Република Турција (ТУБИТАК), а во таа прилика се осврна и на актуелните случувања во регионот.
Потсети дека неговата земја вее подолго време ги повикува земјите на Западот да не прават разлика меѓу терористичките организации. Но, како што додаде и покрај тоа, некои земји, првенствено Соединетите Американски Држави, со различни изговори и игри бираат пат на поддршка на организациите кои убиваат невини луѓе, но им пречи, кога некој тоа ќе им го рече.
„Турција веќе подолг период ги предупредува западните земји 'да не прават разлики меѓу терористичките организации и да имаат принципиелен однос кон ова прашање'. Наспроти сето тоа, некои земји, на чело со САД под разни изговори со игри на букви ни ги мачкаат очите и им даваат поддршка на организациите кои во подрачјето ги убиваат невините. Кога тоа ќе го кажеме јавно, на господата им е непријатно”, истакна претседателот Ердоган.
„Ние во НАТО сме заедно со вас. И покрај тоа што сме задно со вас во НАТО, вие не ни ја давате поддршката нам, туку на сепаратистичките терористички организации. Случајно ваши партнери во НАТО да не се овие сепаратистички терористички организации? Како е можно на овие организации кои прифативте дека се сепаратистички терористички организации да им давате таков вид на поддршка? Тоа е неприфатливо за нас. Невозможно е ние тоа да го 'проголтаме'. Доколку сме заедно во алијансата, доколу сме стратешки партнер, тогаш ќе застанете покрај нас. Нема да бидете од страна на сепаратистичката терористичка организација“, рече претседателот на Турција Ердоган.
„Додека Турција е соочена со опасностите од Сирија и практично гранати паѓаат на нашата територија, НАТО е потполно надвор од тоа", рече Ердоган и додаде:
„Исто така, денеска во нашата операција на Ел-Баб, немаме ниту најмала поддршка, како од земјите, наводни сојузници, кои имаат свои сили во регионот, а ниту од НАТО. Посебно коалицијата, која е формирана со цел борба против ДЕАШ, денеска не пружа поддршка на акцијата Штитот на Еуфрат која токму треба да ја скрши кичмата на терористичката организација ДЕАШ".
Во врска со помошта која Западните земји ја испраќаат на терористичките организации, Ердоган порача:
„Доколку вие ги помагате терористичките организации во оружје тогаш станете и кажете ‘ние не испративме оружје, туку муниција’, извинете но ние во тоа нема да поверуваме”.