?????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот колега Барак Обама ја нагласи важноста на заедничките напори во насока на јакнење на умерената опозиција во Сирија и интензивирање на борбата против терористичката организација Даеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама му честиташе на Ердоган и турскиот народ на добро организираните парламентарни избори одржани на први ноември. Двата лидери разговарале и околу темите кои ќе бидат на дневен ред на престојниот Самит Г20, во Анталија, Турција, но и за состојбата во Сирија.
Ердоган и Обама се согласни за неопходноста за изнаоѓање на политичко решение за сириската криза и покренување на процес на политичка транзиција во таа земја. Тие се сложија дека е неопходно итно да се стопираат активностите на терористичката организација ПКК.
Обама доцна синоќа го повикал по телефон турскиот премиер и лидерот на Партијата на правдата и развојот (AK parti), Ахмет Давутоглу и исто така му честитал на добрата организација на минатонеделните избори и големата изборна победа на таа политичка опција.
Во таа прилика, Давутоглу истакна дека големата излезност на изборите, која изнесува околу 85 отсто е показател дека турскиот народ верува во демократските процеси и порача дека пријателските и партнерските односи на Турција и САД ќе продолжат и во престојниот период.