Жбогар: Фер кампања и кредибилни избори за разрешување на кризата
Шефот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар во своето обраѓање на конференцијата истакна дека клучен чекор кон разрешување на политичката криза во земјата се фер кампања и кредибилни избори кои треба да се случат во декември
Ivana Ramadanova
07 Октомври 2016•Ажурирано: 08 Октомври 2016
Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Клучен чекор кон разрешувањето на политичката криза во земјата се фер кампања и кредибилни избори кои треба да се случат во декември, смета шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека моменталната криза и има нанесено сериозен удар, не само на политичкиот систем, туку и на темелите на владеењето на правото и демократскиот поредок и ја парализира земјата веќе предолго.
„Декемвриските избори ќе бидат тест за одговорноста, тест за зрелоста, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници, за медиумите и за граѓаните. Јас се надевам дека ќе успеете вашата земја да ја вратите на евроинтегративниот пат, каде што припаѓа, кон значајни реформи и кон просперитетот. Јас сум оптимист и навистина верувам дека со силна политичка заложба и напори од сите релевантни фактори, граѓанското општество и граѓаните, проблемите ќе се разрешат и кризата ќе заврши“, порача евроамбасадорот Жбогар.
Шефот на делегацијата на ЕУ овие заклучоци ги изнесе на денешната конференција на тема „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“, во организација на Државната комисија за спречување корупција во рамките на твининг-проектот на ИПА „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“.
Жбогар: Фер кампања и кредибилни избори за разрешување на кризата