Handan Kazancı
14 Октомври 2018•Ажурирај: 15 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Војниците од Турција и од Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат со заедничката обука за комбинирано патролирање во Мунбич, северна Сирија, соопшти денес турската Армија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили на Инстаграм споделија две фотографии на турски и американски војници кои заедно учествуваат на обуката.
Договорот околу Мунбич помеѓу Турција и САД се фокусира на повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од градот Мунбич, со цел стабилизирање на регионот, кој се наоѓа во североисточниот дел на сириската покраина Алепо.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК е одговорна за смртта на 40.000 лица, меѓу кои многу жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.