Sinan Uslu
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас го извести по телефон турскиот премиер Бинали Јилдирим дека Грција започнала постапка во врска со екстрадицијата на осумте војници кои учествуваа во обидот за државен удар во Турција, а потоа со хеликоптер побегнаа во Грција, поточно во пограничниот Александрополис, јавува Anadolu Agency (AA).
Ципрас ѝ честиташе на Турција и на нејзиниот народ за одлучното спротивставување и задушувањето на ударот на уставниот поредок и легалната и легитимна власт, и порача дека Грција ја поддржувa Турција.
Ципрас исто така нагласи дека стабилноста и безбедноста на Турција се важни за целиот регион. Јилдирим и Ципрас изразија согласност за неопходноста од задржување на блиските односи и соработката за сите билатерални и регионални прашања, вклучувајќи го и решавањето на кипарското прашање.
Група припадници на турската војска лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во петокот вечерта се обидоа да извршат државен удар во Турција, но тој обид беше задушен со реакцијата на народот и од страна на силите на безбедност кои излегоа на улиците.
Осум војници-пучисти со воен хеликоптер побегнаа во грчкиот Александрополис, каде што се уапсени и притворени поради нелегален влез во земјата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека грчкиот премиер го одржал ветувањето за враќањето на хеликоптерот на турската војска, а ветил дека осумте предавници ќе бидат екстрадирани во наредните десет до петнаесет дена.