Cuneyt Davut
13 Април 2016•Ажурирано: 13 Април 2016
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Претседателот на Македонија, Иванов заедно со неговите колеги од Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, го посетија бегалскиот камп кој се наоѓа во градот Гевгелија, на југот од Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Посетата започна со поздрав од страна на безбедносните сили и продолжи со одвоени средби на претседателите со припадниците на безбедносните сили од сопствените земји.
Од безбедносни причини на границата меѓу Македонија и Грција, претседателите се откажаа од посетата и се информираа за ситуацијата од официјалните лица кои помагаат во кампот.
Во изјавата за медиумите претседателот Иванов истакна дека посетата на претседателите на Хрватска и Словенија е многу важна, истакнувајќи дека нивна цел не било само посета на сопствените безбедносни сили туку и информирање за состојбата на границата меѓу Македонија и Грција како и за значењето на помошта за Македонија, додавајќи дека подетално се информирале во врска со настаните од пред три дена, што се случија на границата помеѓу бегалците и безбедносните сили.
„На бегалците во кампот во Гевгелија им посакувам што побрза средба со своите семејства. Од настаните минатата недела може да се забележи дека сме под голем притисок од страна на бегалците, кои бараат повторно отворање на границата. Но границата е затворена поради одлуката на Брисел“, изјави Иванов и им се заблагодари на претседателите на државите за дадената поддршка.