İdris Okuducu
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
МОСУЛ (АА) - Ирачките вооружени сили соопштија дека зазеле подрачје во регионот Синџар од кој се повлекоа терористите на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на ирачката војска, генералот Јахја Ресул, за АА изјави дека ирачките сили ја презеле контролата во регионот Синџар и во местото Синун.
Ресул изјави дека терористите на ПКК вчера се повлекле од тоа подрачје.
Терористичката организација ПКК ја искористи кризата во Ирак која ја предизвика терористичката организација ДЕАШ во летото 2014 година, и оттогаш ги концентрира своите сили во регионот Синџар.
Турските сили во изминатите неколку дена извршија низа воздушни напади на тие подрачја со што ги неутрализираа главните терористички упоришта.