?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) – Францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казенев, изјави дека во рамките на истрагата за терористичките напади во Париз во текот на изминатата ноќ француската полиција извршила претрес на 128 локации ширум земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Казенев за радио France Info рече дека најголем дел од напаѓачите не им биле познати на разузнавачките служби, и дека врз база на разузнавачки информации синоќа е извршен претрес на 128 локации за кои се смета дека се поврзани со терористичките активности во земјата.
Додаде дека француските безбедносни сили истрагата ја спроведуваат во сите градови и периферии на земјата.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Казенев, додаде дека француските власти го поддржуваат предлогот на претседателот Франсоа Оланд за уставни реформи со цел продолжување на вонредната состојба во земјата.
„Гледам дека има некакви коментари што содржат скептицизам кон владиниот предлог за уставни реформи. За заштита на својот народ нема да преземеме ниту еден чекор надвор од уставните рамки“, порача Казенев.
Во терористичкиот напад на 13-ти ноември во Париз убиени се 129, а ранети 352 лица. Во нападите на шест локации загинаа и седум напаѓачи. Одговорноста за нападите ја презеде Даеш.