Ekipa
17 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 13 лица загинаа, а десетици се повредени кога бело комбе влета во толпа луѓе во центарот на Барселона, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според „Ел Паис“, полициски извори потврдиле дека тоа било терористички напад во кој загиналe 13 лица, а 32 други се повредени.
„Ел Паис“, исто така, истакнува дека осомничениот е идентификуван како Дрис Окабир, кој според неговиот профил на социјалните мрежи потекнува од Марсеј, Франција, а престојува во Рипол, Шпанија. Осомничениот, како што се вели, го изнајмил белото комби.
Радио-телевизија Еспанола, исто така на Твитер објави дека полицијата се обидува да преговара со двајца осомничени, кои се наоѓале во бар во Барселона.
Претходно, во серија твитови, полицијата побара од граѓаните да не се движат низ одрачјето на Плаза Каталуња.
„Запомнете да ги следите информациите од официјалните извори. Ако сте во BCN (Барселона), избегнувајте ги Лас Рамблас и Плаза Каталуња", објави полицијата на Твитер.
Во друг твит се вели: „Од почит кон жртвите и нивните семејства, ве молиме, не ги споделувајте фотографиите на повредените од #Ramblas во Барселона“.
Каталонскиот весник „Lа Vanguardia“ рече дека еден вооружен напаѓач влегол во ресторан, каде што зел заложници.
Останува нејасно дали осомничениот кој држи заложници во ресторанот е истото лице кое се втурна во толпата.
Полицијата не коментираше за ситуацијата со заложниците, туку само испрати уште еден твит велејќи: „Ако се наоѓате на #Ramblas избегнете го подрачјето, останете во безбедно подрачје и ја олеснете ја работата на полицијата. Не ширете фотографии!“.
За време на нападот, познатата улица Ла Рамбла беше преполна со луѓе, вклучувајќи и туристи; Градот го посетуваат околу 100 милиони туристи секоја година.
Преку соопштение, турското Министерство за надворешни работи го осуди терористичкиот напад.
„Ние остро го осудуваме терористичкиот напад извршен во Барселона денес (17-ти август)“, се вели во соопштението.
„Упатуваме најдлабоко сочувство и им посакуваме трпение на семејствата на оние кои ги загубија своите животи, и им посакуваме брзо закрепнување на повредените во овој грозоморен напад кој уште еднаш го прикажуваат бруталното лице на тероризмот, кој го има за цел целото човештво.
„Ја повторуваме нашата решителност за солидарност со Шпанија, која е пријател и сојузник на Турција, и за обезбедување секаков вид поддршка“.
Во Вашингтон, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон истакна дека инцидентот има белези на уште еден терористички напад.
„Сочувствуваме со губењето на животите и со повредите на тоалку многу невини луѓе, уште еднаш“, рече тој. „Терористите ширум светот треба да знаат дека САД со сојузниците се решени да ве најдат и да ве изведат пред лицето на правдата“.