Zülfiya Yakup
13 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција соопшти дека во тек на последните 24 часа во неколку подрачја во Косово запалени се четири службени возила, јавува Anadolu Agency (АА).
Синоќа околу 22:50 часот во Призрен запалено е службено возило „Аudi A4“ во сопственот на Апелационит суд. На паркингот на Судот за прекршоци во Пеќ, околу 23:05 часот, запалено е возило „Тoyota", околу полноќ на паркингот на Собранието на општина Митровица запалено е службено возило „Renault Mégane“ во сопственост на Обвинителството во Гњилане.
Полицијата покрена интензивна истрага со цел што побрзо решавање на случаите оценети како подметнување на пожар, за кои има сомнение дека се запалени намерно од осомничени лица.
„Повикувајќи се на првата истрага и временските интервали во кои се случија настаните, постои сомнение дека извршителите на тие дела биле добро координирани и централизирани“, велат од косовската полиција.
Полицијата бара од сите граѓани, доколку поседуваат некаква информација, да соработуваат со полицијата за да се спречат таквите случаеви на уништување на државен имот.