Besar Ademi
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Австрискиот министер за Европа, интеграција и за надворешни работи, Себастијан Курц, кој е во официјална посета на Македонија, на заедничката прес-конференција со својот македонски колега Никола Попоски изјави: „Затворањето на ‘балканската рута’ за бегалците беше важен чекор, кој го спречи приливот на бегалците и значително го намали притисокот врз границата на земјата од овој прилив“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со предупредувањата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за нов бран од околу 20 до 30 милиони потенцијални мигранти кон земјите на Европа, како и во врска со договорот меѓу Турција и ЕУ, шефовите на австриската и на македонската дипломатија посочија дека односите со Турција треба да продолжат да се зајакнуваат, а границите да останат затворени за бегалците, чија цел се европските земји.
Министерот Курц истакна дека договорот меѓу Турција и ЕУ е важен за неговата земја и дека Турција во последните десет години има позитивен економски развој. Но, покрај тоа, тој додаде дека постојат високи тензии меѓу Анкара и Брисел бидејќи Турција сѐ повеќе се оттргнува од Европа во својот развој“.
„Со тоа, Турција ги затвора вратите кон Европската унија. Во тој правец, ние секако се наоѓаме во една ситуација во којашто мора да сметаме на тоа дека соработката по прашањето со бегалците нема да функционира на оној начин како што беше предвидено во договорот помеѓу Турција и ЕУ“, изјави Курц, изјави Курц.
Во продолжението на својот говор, Курц ги нагласи точките од договорот меѓу Турција и ЕУ, забрзувањето на преговорите за пристапување, визната либерализација и плаќањето 3 милијарди евра годишно, предупредувајќи понатаму дека колку што се потешки односите со Турција, толку потешко ќе биде справувањето со бегалската криза.
„Јас не гледам ни забрзување на преговорите за влез, и се дискутира за прекин на преговорите јас не гледам ни либерализација на визниот режим и секако ние мораме да сметаме на тоа дека Турција како спротивна реакција нема да го почитува договорот. Тоа може да води кон тоа влезот на бегалци да се зголеми, дотолку е поважно да е јасен влезот или стопот на границата и да утвриме и понатаму да остане затворена границата“, нагласи Курц.
Во меѓувреме, македонскиот министер Никола Попоски изјави дека првата работа на која се надеваат и нивна цел е да не дојде до нарушување на договорот меѓу Турција и ЕУ, и додаде дека работите не можат да се остават на случајноста и оти се работи максимално да не се повтори 2015.
„Добрo е за Турција бидејќи на тој начин обезбедува средства за Анкара, кои од Унијата одат за справување со сериозниот притисок со кој е соочена Турција поради мигрантите на нејзината територија, добра е за Европската Унија, бидејќи имаше сериозни закани за нарушување за балансот внатре во самата ЕУ и конечно, ние како земја-аспирант за членство во Европската Унија не смееме да дозволиме тоа да се случи“, рече Попоски, додавајќи дека Македонија сака да остане во Шенген зоната, а не да остави оваа зона да биде нарушена и да не постои веќе.
Инаку, шефот на австриската дипломатија синоќа присуствуваше на митингот на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на изборната кампања, каде што изјави дека Македонија се движи на патот кон Европската Унија. Запрашан за неговото учество на овој митинг, Курц рече дека тој бил присутен како член на Европската народна партија.