Ekipa
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ЛОНДОН (АА) - Метрополитенската полиција го уапси вториот осомничен за нападот на полицаецот пред Бакингемската палата во Лондон во петокот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата соопштија дека 30-годишното лице е приведено денес поради сомнение за вмешаност во терористички инцидент.
На осомничениот му е одреден притвор, а полициските службеници во рамките на истрагата вршат претреси во западниот дел на Лондон.
Инцидентот се случи во петокот вечерта пред Бакингемската палата во Лондон, кога маж вооружен со нож нападна полицаец.
Напаѓачот е приведен, а двајца полицајци се полесно повредени при спроведување на приведувањето.
Нападот во Лондон се случи само неколку часа откако напаѓач со нож нападна војници во Брисел.