Zehra Ulucak
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
МЕКСИКО (АА) - Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 7,1 степен според Рихтер, кој во вторник минатата недела го погоди Мексико, се искачи на 345 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Луис Фелипе Пуенте, координатор на Цивилната заштита на Мексико, на социјалните мрежи потврди дека бројот на загинатите порасна на 345, од кои 206 се од подрачјето во главниот град на земјата, Мексико.
Тој исто така пренесе дека 74 лица загинале во државата Морелос, 45 во Пуебла, 13 во Мексико, шест во Гереро и едно лице во Оахака.
Според соопштението, отстранет е поголемиот дел од урнатите 38 згради во главниот град, уништени во земјотресот што на 19 септември ја погоди земјата.
Како последица на земјотресот со јачина од 8,1 степен, кој на 8 септември го погоди Мексико, животот го загубија 96 лица.