Aldıjana Hadzıc
16 Јануари 2016•Ажурирај: 17 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - На денешен ден во:
1219 година - Поплави во северниот дел на Холандија однеле неколку илјадници животи.
1547 година - Во Москва за прв руски цар крунисан е Иван IV Васиљевич (Грозни). Познат е по значајните реформи во Русија, во суровоста кон бојарите (припадници на високата средновековна феудална аристрократија) која ја применувал со цел да ја централизира власта.
1794 година - Почина англискиот историчар Едвард Гибон, автор на делата "Опаѓање и пропаст на Римското царство", кое се смета за едно од најзначајните во светската историографија.
1957 година - Почина италијанскиот диригент Артуро Тосканини, еден од најзначајните во XX век.
1998 година - Во експлозија на метан во рудникот Соко кај Соко бања, загинаа 29 рудари, додека уште толкав број беа потешко и полесно повредени.
2003 година - Од вселенскиот центар "Кенеди" на Флорида, лансиран е шатлот Колумбија. Непосредно пред слетувањето, на 1-ви февруари, шатлот се распадна во пламан над Тексас. Загинаа сите седум астронаути.
2005 година - На изборите во Хрватска поранешниот претседател Стјепан Месиќ, во вториот изборен круг, освои нов петгодишен мандат.