Kemal Zorlak
18 Април 2016•Ажурирај: 19 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани што се случија на денешен ден, издвојуваме:
1906 - Земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди Сан Франциско, уништувајќи голем дел од градот, заедно со големиот пожар што следеше по земјотресот.
1946 - Распуштена е Лигата на народите чиј имот е пренесен на новоформираните Обединети нации (ОН).
1955 - Почина Алберт Ајнштајн, германско-швајцарско-американски физичар, автор на општата теорија на релативноста и добитник на Нобеловата награда за физика во 1921 година.
1956 - Се распушти Информбирото, советодавното и координативно тело на девет европски комунистички и работнички партии во кое доминираа советските комунисти.
1983 - Бомбаш-самоубиец со автомобил влета во американската амбасада во Бејрут. Во експлозијата загинаа најмалку 63 лица, а повеќе од сто беа ранети.
1992 - Почина Бени Хил, британски актер и пејач.
1994 - Започна граѓанската војна во Руанда.
2011 - Почина хрватскиот актер Ивица Видовиќ.