İzzet Mazi
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
КИЛИС (АА) - ИЗЕТ МАЗИ -
Турските лекари, кои во военото подрачје пристигнаа благодарение на војниците на Турските вооружени сили, се одзваа на повикот за помош на Али Ахмед (4,5 години) од Африн, кој веќе 2,5 години не може да го лекува здравствениот проблем со функционирањето на белите дробови бидејќи терористичката организација ЈПГ/ПКК не му дозволуваше да го напушти градот.
Постепено почнува да се нормализира животот во Африн, кој Турските вооружени сили (ТСК), поддржани од Слободната војска на Сирија, во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ го ослободија од рацете на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Додека во подрачјето на Африн продолжува испораката на хуманитарната помош од страна на турските државни и невладини организации, првенствено од Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД), Турската фондација за верски прашања, од Црвената полумесечина на Турција, медицинските екипи што пристигнаа во подрачјето, продолжуваат да ги завиваат раните на цивилите.
Во помош на малиот Али Ахмет, 4,5 годишниот Сиријец кој речиси 2,5 години не се лекува поради притисоците и ограничувањата воведени од страна на терористичката организација, пристигнаа турските лекари. Детето чија болест се наоѓа во последната фаза, донесено е во државната болница во Килис, Турција, каде што се наоѓа на лекување.
- „Постојано се молевме за турските војници“ -
Мајката Ајше Мухамед, за АА изјави дека нејзиниот син подолг период не се лекувал бидејќи терористичката организација ЈПГ/ПКК не дозволувала излез од градот.
Момчето се разболело пред 2,5 години, но и покрај сите напори, мајката истакна дека не им било дозволено да заминат на лекување во Алепо или во Азаз.
„Ја изгубивме речиси сета надеж, кога турската војска влезе во Африн, ни донесоа и лекари. Лекарите го прегледаа моето дете и откако ја увидоа неговата состојба, веднаш го испратија в болница“, раскажа мајката на малиот Али.
Истакнувајќи дека секој е мобилизиран за лекувањето на нејзиниот син, таа рече дека во Турција се многу добро пречекани и исполнети им се сите потреби. „Кога слушнавме дека Турците ќе влезат во Африн многу се израдувавме и постојано се молевме, бидејќи знаевме дека тие ќе нѐ ослободат од притисоците во кои живеевме“, рече мајката Ајше Мухамед.
Д-р Салтук Бугра Боќе, детски педијатар и специјалист за детски болести од државната болница во Килис, рече дека кога детето било донесено во болницата, неговата здравствена состојба била сериозна, но благодарение на применетото лекување и терапија, со секој изминат ден, неговото здравје се подобрува.
Педијатарот специјалист Боќе истакна дека поради подолгиот период во кој детето не било лекувано, постојат оштетувања во функцијата на неговите бели дробови, но од пристигнувањето во државната болница здравјето на детето во голема мера е подобрено, но додаде дека за заздравување е потребен одреден период.