Hakan Burak Altunöz
09 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
ТРАБЗОН (АА) - Надлежните турски институции утврдиле низа недостатоци на еден руски товарен брод во црноморскиот залив во Трабзон и му забраниле пловење додека не се исправат пропустите, јавува Аnadolu Agency (АА).
На инспекциски преглед во заливот на Трабзон подложени биле девет броеви со руски знамиња кои се закотвиле во периодот од 24-ти ноември до денес. Преку прегледот утврдувано е дали нивната пловидба е во согласност со меѓународните договори од таа област.
Со контролата утврдени се физички недостатоци на бродот ASTRA кој под руско знаме во Трабзон носел пченица. Турските власти тврдат дека за тоа го известиле персоналот на бродот, но дека за отклонување на недостатоците не е сторено ништо од 26-ти ноември.
На споменатиот брод изречена му е забрана за пловење, а сопствениците ќе мора да платат и рента за престој во заливот сè додека не биде доведен во исправна состајба за пловење.
Паралелно со тоа, слични физички недостатоци се откриени и на уште еден брод кој под руско знаме пред два дена пренел јаглен во заливот во Трабзон. Персоналот на бродот ги санирал недостатоците и добил дозвола за пловидба.