Ekip
15 Ноември 2016•Ажурирај: 15 Ноември 2016
АТИНА (АА) - Како дел од прошталната турнеја, американскиот претседател во заминување, Барак Обама утрово пристигна во Атина, пренесува Anadolu Agency (AA).
На аеродромот во Атина, со постојаниот почесен вод и воен оркестар, Обама беше пречекан од страна на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос и американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат.
Се очекува во текот на денот Обама да се сретне со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.
На вториот ден од посетата на Грција, по посетата на храмот Партенон, Обама ќе одржи говор за демократијата и глобализацијата, по што ќе замине за Берлин, каде што ќе се сретне со некои европски официјални претставници.
Турнејата ќе ја заврши со посета на Перу, каде што ќе присуствува на самитот за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), пред сабота, кога ќе се врати во Вашингтон.
Се верува дека една од главните теми на Обама за разговор со функционерите, ќе биде Доналд Трамп, кој доаѓа на неговата позиција. Обама го завршува мандатот на 44. претседател на САД.