Cankut Taşdan
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили неутрализира најмалку 932 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ во сириското погранично подрачје на Африн, јавува Anadolu Aggency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека турските воздухопловни сили изминатата ноќ уништиле најмалку пет терористички упоришта и неутрализирале најмалку 35 терористи.
Во соопштението се наведува дека од почетокот на операцијата во Африн неутрализирани се најмалку 932 терористи, и дека операцијата продолжува во согласност со планираното.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално држат под окупација 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат помеѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-те години води терористичка кампања против Турција.