Sinan Uslu
02 Октомври 2016•Ажурирај: 03 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Генералштабот на турската војска соопшти дека од почетокот на офанзивата „Штитот на Еуфрат” во северниот пограничен појас на Сирија од терористичките елементи ослободени се речиси 960 километри квадратни, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека сириските опозициски сили со поддршка на Турските вооружени сили (ТСК) од 24 август до денес го ослободиле подрачјето од 960 километри квадратни, а дека во тој период во 6.319 наврати гаѓани се вкупно 1.657 терористички позиции.
Вчера, 40 дена од офанзивата, припадниците на опозициската Ослободувачка војска на Сирија со поддршка на турските сили од ДАЕШ ослободија четири населени места во регионот Рај.
На акцијата на ослободување и претходеа артирелиски напади за време на кои турските сили уништија 79 откриени позиции на ДАЕШ.
Паралелно со тоа, турските воздушни сили гаѓаа и уништија седум позиции на ДАЕШ, а во таа прилика убиени се најмалку четворица терористи, уништени седум објекти кои терористите ги користеле како командни места и складишта за оружје.
Во соопштението на турскиот Генералштаб се нагласува дека за време на акциите во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат” водат внимателни и детални припреми за да се избегне страдањето на невините цивили.
Со цел јакнење на безбедноста на границата, со поддршка на коалициските сили и неутрализирање на терористичките закани, Турција пред 40 дена покрена воени операции на крајниот северен дел на Сирија.
Операциите кои и понатаму траат засновани се на правото на Турција на самоодбрана, како и на одобрувањето на националниот парламент кој на војската и даде овластување да дејствува во согласност со заканите и на подрачјето на соседна Сирија.