Ekipa
27 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанската полиција тврди дека десет лица загинале а 30 се ранети во експлозија која се случи во парк во источниот град Лахоре, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за паркот Гулшан-е-Икбал, а според првичните информации, најверојатно се работи за самоубиствен напад.
На теренот се наоѓат голем број припадници на полицијата, екипите на итната медицинска помош и вознемирени граѓани кои во голем број го посетија паркот по повод католичкиот Велигден.
Лахоре е главен град на најголемата и најбогата пакистанска покраина Пенџаб, која воедно е и политичко седиште на пакистанскиот премиер Наваз Шариф.