Sultan Çoğalan
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
АНКАРА (АА) – Палестинската новинарка која од Сирија избегала во Турција, па потоа заминала во Грција поради пишувањата за проблемите на бегалците во прифатните центри, во притвор минала 5 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинскиот новинар од Сирија Ејмен Халид во весникот „Dirilis Posta“ напиша колумна во која зборува за проблемите на неговата ќерка, 26 годишната Емел Фаор, која е исто така новинарка, ги преживеала како бегалец во Грција.
Во колумната авторот зборува за тортурата и злоставувањата кои сириските бегалци ги преживуваат во грчките бегалски центри, кои не се ништо помалку драматични од злосторствата кои се случуваат со војна зафатена Сирија.
Младата Фаор на 14 годишна возраст, пред студиите по журналистика во Дамаск, примена е во Унијата на писатели на Палестина, но била приморaна од Сирија да пребегне во Турција кога нејзината куќа била урната во палестинскиот камп Јермук во Дамакс. Во колумната се наведува дека со надприродна среќа Фаор го преживеала бомбардирањето при кое куќата се урнала додека семејство сѐ уште било во неа.
По две години бегалски живот во Турција, со последниот бран на бегалци, пред имплементацијата на Договорот за размена на бегалци, Фаор со чамец илегално преку Егејското Море преминува во Грција, од каде се обиде на целиот свет да ги раскаже проблемите на бегалците во оваа држава.
Авторот во својата колумна наведува дека по објавувањето на извештаите за проблемите на бегалците на островот Кос, грчката влада ја уапсила Фаор и ја префрлила на одалечениот остров Лерос. На тој остров младата ноинарка и самата претрпела голема тортура, како и останатите бегалците.
Халид во својата колумна ја цитира Фаор, која пишувала дека на тoj грчки остров биле претепувани, злоставувани и на различни начини понижени на расна, верска и друга основа, дека биле нарекувани со навредливи поими кое е тешко човек и да ги изговори.
„Бегалците во Грција немаа ниту медицинска нега, немаше доктор за бегалските потреби. Од тоа најмногу беа погодени децата бегалци. Не добиваа вакцини, а млеко добиваа во исклучително мали количества. Храната за бегалците е лоша и недоволна. За наједноставен преглед кај медицинар, потребно е да се премине долга процедура, а до болница не е можно да се пристигне“, се наведува во колумната.
По пет месеци притвор во Грција, младата новинарка Фаор добила дозвола да оди во Атина, бидејќи тешко се разболела на островот. По доаѓањето во Атина не била примена во болница, а ништо не се сменило ниту по интервенцијата од страна на палестинската амбасада.
Фаор на 6. септември одлучила да ја напушти Грција и по тешките патишта да премине во некоја друга европска земја.
Авторот на колумната ги цитира и пораките на храбрата новинарка Фаор која порачала: „Болна сум, но ќе продолжам да пишувам и светот да го известувам за тешкотиите со кои бегалците се среќаваат во Грција.“
На крајот од колумната Халид ги повикува сите релевантни адреси да и помогнат на младата новинарка која пред само две години го преживеала бомбардирањето на сопствената куќа, а сега преку лична голгота, се обидува да ги раскаже приказните и проблемите со кои се среќаваат бегалците во Грција.