Emre Aytekin
23 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
АНКАРА (АА) – Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, на 28 август годинава ќе допатува во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на турското претседателство, Ибрахим Калин, во изјава за АА истакна дека на 28 август Абас ќе престојува во официјална посета на Анкара, и ќе се состане со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Калин пренесе дека Ердоган и Абас ќе разговараат околу последните случувања во месџид Ал-Акса и Ерусалим, за мировниот процес во Палестина и преговорите за национален концензус во Палестина.