Vesna Besiç
24 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
САРАЕВО (AA) - Пред изрекување на пресудата на Радован Караџиќ и Воислав Шешељ, јавува Anadolu Agency (AA).
Плакатите ги правеше Српската радикална партија, а на нив пишуваше "српски јунаци" .
Јужнокорејскиот судија на Меѓународен кривичен суд за поранешна Југославија О-Гон Квон денес, на 24 март, ќе ја изрече историската пресуда на воениот лидер на босанските Срби и првиот претседател на Република Српска Радован Караџиќ. Ова ќе биде првата пресуда на Кривичниот суд за поранешна Југославија на политички функционер од просторите на поранешна Југославија со оглед на тоа дека во хашкиот притвор, додека му траеше судењто, 2006 година, почина поранешниот претседател Слободан Милошевиќ.
Радован Караџиќ, поранешниот претседател на Република Српска и врховниот командант на нејзните вооружени сили, обвинет е за геноцид во Сребреница, направен 1995 година и во уште седум општини 1992 година, прогонување на несрпско население, терор над граѓаните на Сараево и земање на припадниците на УНПРОФОР за заложници. Уапсен е 2008 година, по повеќе од деценија помината во бегство.
Судењето започна во октомври 2009 година, а Обвинителството со изведување на докази започна пола година покасно и овој процес го заврши во мај 2012 година. Караџиќ, кој сам се брани, своите сведоци ги повикуваше од октомври 2012 година, до мај минатата година.