Cuneyt Davut,Besar Ademi
27 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
ЕВЗОНИ (АА) - Бегалците кои во Грција се сместени во мали шатори, поради нивната неизвесна иднина имаат психолошки проблеми, јавува Anadolu Agency (AA).
Пренесувањето на бегалците од кампот во Идомени на грчко-македонската граница, во останатите кампови во северните делови на Грција сѐ уште не донесе некакво решение за 54 илјади бегалци кои во моментов се згрижени во Грција.
Илјадници бегалци во исчекување го продолжуваат животот под тешки услови во шатори поставени на патот близу бензинските станици долж патот од македонско-грчката граница до Солун.
Во еден од овие кампови, поставени покрај една бензинска станица во близина на градот Евзони, се наоѓаат околу 1.500 бегалци и економски мигранти од Средниот Исток и Северна Африка.
Покрај лошите услови, животот во кампот поминува во тешки услови и поради честите кавги меѓу бегалците кои се припадници на различни народи.
Кординаторот на органзиацијата доктори без граници, Кети Адрсач, на дописникот на АА му изјави дека одлуката за трансфер на бегалците од кампот во Идомени во другите кампови во северниот дел на Грција била донесена набрзина и дека бегалците не биле доволно информирани со она што ги очекува.
Координаторот Адрсач соопшти во камповите кои се наоѓаат во близината на Идомени се сместиле бегалците кои не го прифатиле предлогот на грчката влада за трансфер во другите кампови.
Адрсач истакна дека животот во мали шатори подолг период во тешки услови за живот, кај бегалците може да предизвика психолошки проблеми, додавајќи дека тоа особено може лошо да се одрази кај децата создавајќи им траума.
„Децата се особено подложни на влијание од ваквите услови. Последните денови имавме голем број луѓе кои дојдоа во клиниката како последица од преживеаното во минатото. Ни зборуваа дека не знаеле да пливаат и ни ги раскажуваа како се спасиле при нивните патувања по морето со гумени чамци.“
Сириецот Махмуд Осман во разговор за АА изјави дека во кампот во Идомени престојувал околу еден месеци дека пред два дена пристигнал во кампот во Евзони. „Кампот во Идомени е многу подобар од овој. Во овој камп постојано има кавги. Тука има жени, деца и стари лица и поради лошите услови ни ја расипаа психологијата“, истакна Осман.
Бегалецот Осман истакна дека претходно бил во камповите во кои грчката влада сакала да ги префрли и дека избегал и повторно се вратил тука, бидејќи условите во нив не се онака како што тие ги претставуваат.
Бегалец Мансур Барденији, по потекло од Ирак, изјави дека во кампот во Идомени бил сместен 3 месеци и во Евзони дошол пред три дена.
„Кампот во Идомени беше преполн, но е многу подобро од тука. Просторот таму беше поголем, немавме проблми со храната, водата и хигиената. Шаторите тука се помали, храна ни даваат еднаш дневно и многу мал бројот на тоалети“, раскажа бегалецот Мансур, споредувајќи ги условите за живот во останатите кампови со условите во Идомени. Тој рече дека три дена полицијата ги префрлала бегалците во останатите кампови на северот од Грија, во кои има војска и полиција и на бегалците не им е дозволено да изгуваат од кампот, туку се принудени да останат затворени во нив. Тој изјави дека тоа било причината поради која одбил да биде префрлен во другите кампови и дошол во кампот во Евзони.
Меѓународните организации пред започнувањето на акцијата за префрлање на бегалците во другите кампови во северните делови на Грција изјавија дека тоа нема да ја реши настанатата криза и дека единствено решение е отворањето на границите за да им се овозможи на бегалците да го продолжат својот пат кон европските земји.