Emre Gürkan Abay
10 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
МОСКВА (АА) - Властите на Руската Федерација ги отфрлија тврдењата на некои западни медиуми за наводна вмешаност на земјата во организирање на масовните антивладини протести во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денес изјави дека обвинувањата за наводна руска поддршка на француските демонстранти, популарно наречени „жолти елеци“, се неосновани и невистинити.
„Ние не сме се мешале и нема да се мешаме во внатрешните работи на која било земја, вклучувајќи ја и Франција. Го почитуваме суверенитетот на Франција и вложуваме напори за подобрување на нашите билатерални односи“, изјави Песков.
Претходно, одредени западни медиуми објавија дека руската разузнавачка служба им помогнала на француските демонстранти.
„Тоа се само клевети и ништо друго“, рече Песков.
Западните медиуми, исто така, наведоа дека на социјалната мрежа Твитер преку профили поврзани со Кремљ е вршен притисок врз јавното мислење во Франција.
Шефот на француската дипломатија, Жан-Ив Ле Дриан, рече дека за тие наводи е започната истрага и дека ќе се произнесе за случајот по завршувањето на истрагата.