Betül Yürük
15 Мај 2018•Ажурирај: 15 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - САД го спречија Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во започнување на истрагата за насилство и употреба на огнено оружје на израелските сили врз границата на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Непостојаната членка на Советот за безбедност, Кувајт, доцна синоќа предложи усвојување на одлуката за спроведување истрага за насилството во кое израелските сили убија најмалку 59 палестински демонстранти во Газа.
Идејата на предлагачот беше Советот за безбедност да изрази јавна загриженост и да покрене транспарентна и независна истрага за вчерашните настани.
Предлогот е одбиен со противењето на САД како постојана членка на СБОН. Тоа е трет пат во изминатиот месец и пол САД да го блокира започнувањето на истрагата за израелската употреба на сила врз палестинските демонстранти.
Паралелно со тоа, на предлог на Кувајт, Советот за безбедност денес ќе одржи вонредна седница на која ќе биде одржана дискусија за насилството на Блискиот Исток.
Извештајот за состојбата на терен до Советот ќе го поднесе специјалниот координатор за мировен процес во тој регион, Николај Младенов.