Furkan Naci Top
13 Јуни 2016•Ажурирано: 14 Јуни 2016
ПОЛИКАСТРО (АА) - Безбедносните сили на Грција, по празнењето на бегалскиот камп Идомени на грчко-македонската граница, ги празни и неофицијалните бегалски кампови кои се наоѓаат во околината, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, во акцијата која започнала денеска, со автобуси, безбедносните сили префрлиле 423 бегалци во официјалните кампови.
Акцијата за трансфер на бегалците, која продолжува да се одвива спокојно и без проблеми, се спротивставиле група на волонтери. Полицијата групата ја оддалечила од кампот.
По трансферот на бегалците од кампот во Идомени, во близина на границата во три кампа се наоѓаат околу 3.000 бегалци.
По затворањето на границите на балканските земји за премин на бегалци во месец февруари, над 10.000 бегалци, повеќе од три месеци, во тешки услови за живот го чекаа отворањето на границите.
Грчкиот центар за координација соопшти дека во државата престојуваат 57.000 бегалци, и за нивно згрижување ќе бидат пуштени во употреба уште 12 кампови.