Besar Ademi
07 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи се претстави извештајот со наслов „Проценка на заканите од сериозен и организиран криминал”, во соработка со мисијата на ОБСЕ во Белград и Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Една од анализите на извештајот е и нелегалната имиграција, за која се вели дека Македонија е атрактивен транзитен пат за движење на илегалните имигранти, како резултат на коe се појавува криумчарење на мигранти.
„Криумчарењето мигранти и понатаму останува атрактивно. Локалните криминални групи се вклучени во олеснувањето на илегалната имиграција. Криминалните групи во Македонија соработуваат со криминални групи во соседните земји”, се вели во извештајот на проценката во врска со нелегалната имиграција.
Како што е наведено во проценката, во текот на периодот од 2013 до 2015 година е забележан постојан пораст на илегалната миграција и криумчарењето мигранти, но по промената на законот за азил во јуни 2015 година, оваа појава почна да се намалува.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанче Савовски, рече дека најголемиот дел од оценувањето е врз основа на постоечката експертиза и знаење, и е дизајниран да им овозможи на носителите одлуки да преземат соодветни мерки за да се справи со такви закани.
„Сите ние заедно треба да ги користиме ресурсите кои се на располагање и да ги искористиме сите правни можности против заканата од сериозен и организиран криминал. Интерагенциската и меѓународна соработка е клучот за оваа борба”, вели Савовски.
Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Македонија, Митко Чавков, рече дека учеството во овој проект има за цел да го зајакне капацитетот на стратешка анализа како важна алатка за идентификување на предизвиците на сериозен и организиран криминал.
„Паралелно со размена на искуства, знаења и идеи се создава и меѓусебна доверба меѓу земјите-учеснички во овој проект, додека едно од значајните и реални достигнувања на проектот е развојот на националната стапка против заканата од сериозен и организиран криминал”, изјави Чавков.
Националната проценка на заканите на сериозен и организиран криминал е подготвен по барање на раководството на Бирото за јавна безбедност. Извештајот е направен со примена на методолошки пристап, со посебен акцент на организирани криминални групи во областа на сериозниот и организиран криминал.
Во овој Извештај, освен илегалната миграција, исто така, анализирани се и различни области на кривичното дело, кое претставува сериозна закана за земјата и животната средина, нелегалната трговија со дрога, компјутерскиот криминал, насилниот криминал на имотот, како и криумчарење на стока.