СКОПЈЕ / ПРИШТИНА / ТИРАНА (АА) - Како во другите земји, и во земјите на регионов муслиманите го изразија својот интерес за спроведување на една од исламските должности, аџилак. Стотици верници од Македонија, Косово и Албанија ќе отпатуваат на почеток на септември на светото место за муслиманите да го извршат аџилакот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Македонија ќе заминат 730 верници
Како секоја друга година, и оваа година муслиманите од Македонија изразуваат голем интерес да го спроведуваат еден од условите на исламот, аџилакот. Генералниот секретар на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), Ирсал Јакупи, во изјава за АА рече дека оваа година за одење на аџилак се јавиле 720 луѓе, од кои три се деца на возраст од десет години и едно 83-годишно лице.
Во споредба со минатата година, Јакупи истакна дека бројот на верници речиси се зголемил двојно. Тој нагласи дека организацијата на патувањето на аџилак се реализира само од страна на ИВЗ, не вклучувајќи било која приватна агенција.
„Се надевам дека ќе поминеме добро. Се обидовме на верниците да им обезбедиме најдобри можни услови. Хотелот каде што ќе престојуваме во Мека од Ќаба е одалечен околу 500 метри, додека хотелот во Медина не повеќе од 100 метри од влезот на џамијата на Пратеникот“, додаде тој.
Идните аџии плаќат по 3.400 евра за извршување на петтиот услов на исламот (Аџилак), но во споредба со минатите години, патувањето ќе биде овозможено само со авионски превоз, и тоа заминувањето ќе биде од Скопје во Џеда, а враќањето од Медина во Скопје. Јакупи најави дека потготовките на верниците ќе завршат во наредните два дена и ќе бидат поделени во две групи, кои ќе заминат на 1 и 2 септември, а ќе се вратат на 23 и 24 септември.
„Сите верници од Македонија имаат еднаков статус, без оглед на нивната економска состојба. Поради оваа причина, ние одлучивме да заминувањето и враќањето се реализира само со авионски превоз, за да го извршат аџилакот под исти и заеднички услови, без никакво разликување на верниците“, рече Јакупи.
- Косово, 860 идни аџии ќе отпатуваат во Мека
Во рамките на Исламската заедница на Косово, на полноќта од 2 кон 3 септември, 860 муслимански верници ќе отпатуваат на аџилак да ги извршуваат своите верски обврски.
Во изјава за АА, генералениот секретар на Раководството на Исламската заедница на Косово, Ресул Реџепи, рече дека во рамките на оваа група има и 32 водичи на групи, 7 лекари и три главни водичи на чело со Ведат Сахити, директор на Одделот за Аџилак и Умра кој е дел од Раководството на Исламската заедница. Тој додаде дека 860 идни аџии ќе бидат распределени во 4 групи, кои ќе отпатуваат на секои 10 часа со лет од Приштина до Џеда во провинцијата на Мека.
Во меѓувреме, Реџепи истакна дека најмладиот иден аџија оваа година е едно 6-годишно момче, а најстариот на возраст од 87 години.
„Исламската заедница на Косово, благодарение на долгогодишното искуство во организирањето на заминувањето на аџиите, и оваа година ги направи сите неопходни и соодветни потготовки, така што верниците од Косово да ги исполнат своите обврски што е можно полесно“, рече Реџепи.
Секретарот на Исламската заедница на Косово најави дека цената е иста како и во претходните години, 3400 евра.
-Идните хаџии од Албанија и Црна Гора заминуваат заедно
Како и во претходните години, и оваа година стотици верници од Албанија и Црна Гора ќе патуваат на аџилак, со цел извршување на хаџот, што е една од најважните обврски во исламот.
Оваа година, од Албанија и Црна Гора има околу 360 верници кои ќе отпатуваат на аџилак. Тие ќе заминуваат во две групи, од кои првата група се очекува да замине на 2 септември, а втората на 3 септември.
Организирањето и оваа година се реализира од страна на Албанската исламска заедница, а вреди да се истакне дека оваа институција има ексклузивитет во ова организирање.
news_share_descriptionsubscription_contact
contact_the_ombudsman
is_there_an_error_in_this_story


