Büşra Akın Dinçer
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Никол Стуржон, премиерката на Шкотска, денес изјави дека шкотскиот парламент би можел да го блокира излезот на Велика Британија од ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Стуржон за Би-би-си изјави дека од шкотскиот парламент ќе побара да не го даде своето „законодавно одбрение” за излез на Велика Британија од ЕУ.
Поголемиот број од бирачите во Шкотска дадоа поддршка за останување во ЕУ. Сепак, во корист на излезот пресудија гласовите на мнозинското бирачко тело од Англија.
Но, Шкотската национална партија на чије чело се наоѓа Стуржон нема мнозинство во парламентот и покрај популарноста.
Стуржон изјави дека верува дека согласувањето на шкотскиот парламент ќе биде потребно за прашањето за излез на Велика Британија од ЕУ, но призна дека британската влада веројатно ќе заземе „многу поразлична позиција по тоа прашање”.
Таа вчера најави дека ќе покрене непосредни разговори со нациите и институциите на Европската унија со цел да пронајдат начин нејзината земја да остане во Унијата, без оглед на одлуката на Велика Британија за излез од ЕУ.
Таа додаде дека новиот референдум за независност на Шкотска од Велика Британија, е исто така еден од предлозите кои се наоѓаат на маса.