Besar Ademi
02 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Околу илјада мигранти кои се заглавени на граничниот премин меѓу Македонија и Грција на кои сеуште не им се дозволува влез во територијата во Македонија и не им било дозволено да влезат на макдонската територија, денеска повторно почнаа со протести, барајќи да им се отворат границите исто како за бегалците од Авганистан, Ирак и Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во моментот коа една група бегалци се обидуваше да ја премине границата од Грција во Македонија, неколку економски мигранти се обидоа да и се приклучат на групата бегалци. Во тој момент стотина други мигранти се обидоа да влезат во терирторијата на Македонија, но грчката полиција за прв пат интервенираше и не дозволи мигрантите да ја минат границата.
Бројот на грчките полициски сили и македонската полиција постојано расте, додека во меѓувреме пристигнаа и водените топови.
Економските мигранти продолжуваат да протестираат а неколкумина од нив се обидоа да ја пробијат оградата со жица, додека другите продолжуваат да бараат алтернативен излез во граничниот појас на Грција и Македонија каде е изградена жичената ограда.
Оградата со жици е висока три метри и долга десет километри. Истата беше изградена од Армијата на Република Македонија со цел да ја држи под контрола ситуацијата со економските мигранти во јужниот дел на границата.
Во меѓуврме, не им се дозволува ни влез на бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак поради екслација на ситуацијата помеѓу грчката полиција и економските мигранти.