Admir Fazlagic
17 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) – Со учество на околу стотина борачи-пеливани од различни земји, меѓу кои од Турција, Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Грција, како и илјадници љубители на пеливанско борење во скопско Студеничани денеска се одржа традиционалниот турнир во пеливанско борење под мотото „Традицијата продолжува“, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Министерството за култура на Македонија, а во организација на здружението АКСИ од Студеничани, јавува Anadolu Agency (AA).
По одржаните борби во пет различни категорији на крајот на турнирот по долготрајна борба во финалето, пеливанот Мустафа Бату од турскиот град Анталија победувајќи го Мухамед Весели од Студеничани ја освои титулата за најдобар пеливан (башпеливан) на овогодинешниот турнир. Третото место му припадна на Сујејман Башар од турскиот град Анталија.

Во свечениот дел на турнирот се обратија организаторите на овој спортски спектакл. Координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин Ајден во изјава за медиумите истакна дека покрај реставраторските работи на историските дела во земјата даваат поддршка и во областа на зачувување на културно наследство, спортски активности и други области.
„Покрај 600.годишната традиција киркипнар во Турција има важно значење и организирање на ваква активност на пеливанство на Балканот кој тука се одржува по седми пат”,изјави Ајден. Заменик-претседателот на Светската конфедерација на Етноспортови, Хакан Казанџи кои им честиташе на организаторите за успешната организација на турнирот а на пеливаните им посака успех. Тој им се заблагодари на локалните жители што ги заштитиле овие традиционални вредности.
„Ние како конфедерација ви ветуваме дека секогаш ќе ви помагаме во пеливанството кое продолжува веќе 500 години", рече Казанџи.
Претседателот на граѓанското здружение АКСИ од Студеничани Афет Јашари рече дека ова здружение седми пат по ред го оранизира овој турнир, а за прв пат годинава со поддршка на ТИКА. Јашари додаде дкако соработници се Светската федерација на балканските здруженија и на Светската конфедерација на Етноспортови.
„Во Студеничани ова вековна традиција од 500 години, и ние како организација го земавме овој турнир како одговорност за да живее во понатамошните години", изјави Јашари додавајќи дека бројот на учесниците се зголемува од година во година, а исто така и бројот на посетители на овој турнир.
Освен спортска, овој турнир има и културен карактер, при што во рамките на манифестацијата се претставуваат културни уметнички друштва од македонската, албанската и турската етичка заедница кои презентираат стари песни, ора и игри, а исто така неизоставен ден од манифестацијата се и традиционалните јадења од оваа област.
Свое обраќање во свечениот дел на турнирот имаше и оџата од Турција Мустафа Демиркан, кој во својот говор се осврна на фактот што на овој спортски настан учествуваат луѓе од повеќе националности. Исто така, тој во својот говор рече дека муслиманите во светот се наоѓаат во бројни неволји и ги пофали напорите на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, за кој рече дека го крева гласот против насилствата врз муслиманите.
„Муслиманите во светот се во неволја, но претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, бил и секогаш ќе биде до муслиманите кои се во неволја и ќе биде против оние кои вршат насилства”, истакна Демиркан.
На присутните им се обратија и претседателот на Светската федерација на балканските здруженија, Реџеп Варол, кој го поздрави овој спортски настан.
На денешниот традиционален турнир покрај организаторите присуствува и бројни личности од јавниот, културниот и спортски живот од Скопје и пошироко. Меѓу присутните на турнирот беше и светскиот олимписки шампион во борење Шабан Трстена.