Emel Öz Gözellik
15 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп со кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, разговарал за саудискиот новинар Џамал Кашоги, чија трага се губи на 2 октомври, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп на социјалната мрежа Твитер напиша дека разговарал со кралот Селман, кој негира дека има какви било сознанија во врска со тоа што му се случило на „државјанинот на Саудиска Арабија“.
„Рече дека се во блиска соработка со Турција за пронаоѓање на одговорот“, додава Трамп.
Тој порача дека веднаш ќе го испрати американскиот државен секретар, Мајк Помпео, за да разговара со саудискиот крал.