İlker Girit
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Туркиш Ерлајнс повторно ги воспостави своите летови и услуги на истанбулскиот аеродром Ататурк, објави авиопревозникот денес попладне, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Туркиш Ерлајнс се наведува дека сите летови се продолжени во 14:30 часот по локално време, додавајќи дека патниците своите резервации можат да ги заменат бесплатно.
Откако доцна синоќа помала група на војници, лојална на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обиде да изврши државен удар во Турција, Туркиш Ерлајнс откажа 925 домашни и меѓународни летови.