Göksel Yıldırım
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
АНКАРА (AA) – Министерот за трговија и царина на Турција Булент Туфенкчи изјави дека во текот на 2015 година на територијата на Турција се спречени разни видови на криумчарења во вредност од 2,7 милијарди турски лири (843 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Туфекчи беше гостин на уредничкиот деск на АА во Анкара, а во таа прилика одговараше на прашања на новинарите и уредниците на AA.
“Во 2015 година спречено е криумчарење на различна стока во вредност од 2,7 милијарди лири (843 милиони евра)”, рече Туфенкчи.
Тој исто така додаде дека во првиот квартал од оваа година е спречено криумчарење на стока во вредност од 235 милиони евра.
Турските власти во истиот период заплениле нешто повеќе од еден тон различни опојни средства.