İlkay Güder
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
БАМАКО (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган допатува во посета на Мали, јавува Anadolu Agency (AA).
По посетата на Алжир, Мауританија и Сенегал, турскиот претседател во рамките на африканската турнеја допатува и во Мали. На Меѓународниот аеродром Бамако Сену го дочека претседателот на Мали Ибрахим Бубакар Кеита.
Претседателот на Република Турција од понеделник, 26. февруари, престојува во шестдневна посета во четири земји од африканскиот континет во рамките на оваа турнеја планирана е посета на Алжир, Мауританија, Сенегал и Мали.
Нагласено е дека во текот на билатералните и меѓуделегациските состаноци со претставниците на наведените земји ќе стане збор за билатералните односи, можностите за јакнење на соработката, но и дека исто така ќе се разговара за регионалните и глобалните случувања.