?????
07 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
Секретарот на Организацијата на Обединетите Нации (ООН) Бан Ки-мун и турскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган дискутираа за климатските промени во видео-конференција, во петокот, јавува Anadolu Agency.
Видео-конференцијата се фокусира на начините за постигнување успешен исход на Конференцијата за климатските промени која ќе се одржи следниот месец во Париз, им кажа на новинарите во Њујорк, гласноговорникот на ООН, Стефан Дујариќ.
Во текот на повикот од турскиот главен град Анкара, Ердоган ја истакна важноста на Самитот на Г20 планиран за следната недела во Анталија, кој ѝ претходи на конференцијата во Париз.
Истакнувајќи дека има „големи очекувања“ од средбата во Анталија, Ердоган рече: „Како земји од групата Г20, ние сме согласни да испратиме силна и конструктивна порака од Анталија кон Париз.
“Моментално, Турција претседава со групата Г20. Треба да се зголемат финансиските средства за борба против климатските промени, рече Ердоган, додавајќи дека за климатските промени по 2020 година мора да произлезе фонд финансиран од развиените земји за таа цел. Се очекува скоро 200 влади да се сретнат во главниот град на Франција за да ја прифатат спогодбата за справување со глобалното загревање.
Во видео-конференцијата во петокот се вклучија и францускиот Претседател Франсоа Оланд, германската Канцеларка Ангела Меркел, Претседателот на Перу Оланта Хумала и Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, рече Дујариќ. Шефот на ООН „доби известување од Претседателот Оланд за последните случувања и подготовки во врска со Париската конференција за климатските промени“, додаде тој.