İsmail Ersan
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Генерал мајорот на 18-та механизирана пешадиска бригада, Исмаил Гурген, во својот говор на церемонијата пред споменикот на паднатите борци во Галиполе, по повод 101-годишнината од битката на Чанаккале, говореше за тоа начинот на одвивање на оваа битк, јавува Anadolu Agency (AA).
Поморската битка која од 3-ти ноември 1914 година до 18-ти март 1915 година беше водена во Галиполе, како и копнената битка која во Галиполе се одвиваше од 25-ти април 1915 до 9-ти јануари 1916 година, се битки што коишто го заземаат најзначајното место во Турција, па дури и во историјата на сите муслиманските народи од овој дел на светот.
"Чанаккале и покрај сите крвопролевања е своевиден споменик на човештвото", рече Гурген кој потсети на тешките услови во кои се одвиваше поморската и копнената битка.
Гурген зборуваше за начинот на кој се одвиваше битката, од каде дошол непријателот и што се обидел да заземе.
Потоа зборуваше за отпорот на турските сили, но исто така и за хуманиот третман кон повредените, дури и ако станувало збор и за непријателските војници. За тоа хумано третирање на ранетите зборуваа француски и британски војници.