Zafer Fatih Beyaz
13 Декември 2018•Ажурирај: 14 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ФЕТО се обиде да купи еден од најистакнатите британски медиуми „Индепендент“ (The Independent), се дознава од пораките упатени на Сулејман Тифтик, наводниот имам на ФЕТО за Западна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во доказите во случајот против припадниците на ФЕТО, кој се води во Анкара, се наоѓа и разговорот меѓу Тифтик, кој е во бегство и неидентификуван член на ФЕТО, кои преку програмата за тајно комуницирање „БајЛок“, разговорот го воделе во февруари 2016 година.
Неидентификуваниот член на ФЕТО на Тифтик му напишал дека пропаднала продажбата на изданијата на „Independent“.
„Еден од истакнатите британски весници „Индепендент“, поради изразеното намалување на продажбата, има намера да го запре печатењето и да продолжи да ги објавува содржините дигитално. Отворени се за понуди“, напишал членот на ФЕТО.
Истото лице во друга порака пишува дека од соопштението на сопственикот на весникот се дознава дека Британците не успеале да пронајдат соодветен купувач и дека се одлучиле содржините да ги објавуваат дигитално. Сепак, се додава, дека доколку во поскоро време добијат добра понуда, би биле подготвени на продажба.
Во новата порака упатена на Тифтик е видливо дека организацијата имала намера да го купи весникот, а неидентификуваниот член го прашал Тифтик, дали да договори средба со сопствениците на весникот и да дадат понуда.
Истото лице подоцна го известило Тифтик дека во Велика Британија е договорен разговор на поранешниот челник на холдингот „Коза“, Хамди Акин Ипек, кој, исто така е во бегство, со претставник на весникот „Тајмс“ (Times).
„Адем Јавуз Арслан од Вашингтон разговараше со Акин Ипек за интервју во британскиот медиум. Акин беше заинтересиран, за што Адем Јавуз Арслан ми испрати порака и праша дали можеме да договориме интервју. Јас договорив интервју со „Тајмс“, кој е најпродаван весник во Британија. Но подоцна, Акин изрази загриженост дека доколку зборува со британскиот весник, ќе биде зголемен притисокот на неговото семејство во Турција и околината, поради што засега се откажа од разговорот“, се наведува во пораката.
Судот во Анкара барањата за испорачување на 54 члена на ФЕТО ги упати до Министерството за правда на Турција, за тие да бидат упатени до одредени земји.
Сѐ уште не е добиен одговор на барањето, упатено до Белгија, за испорачување на Тифтик.