Хрватскиот премиер Милановиќ гласаше: Допрва не чека вистинска работа
Верувам дека ќе победиме на овие избори и дека ќе ја формираме следната хрватска влада
?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 09 Ноември 2015
ЗагребПремиерот Милановиќ гласаше на изборите во Хрватска: Допрва не чека вистинска работа
-Верувам дека ќе победиме на овие избори и дека ќе ја формираме следната хрватска влада. За да го направиме тоа, според хрватскиот устав потребно ни е 76 или повеќе луѓе, не раце, туку глави од различни партии, изјави Милановиќ
ЗАГРЕБ (АА) – Зоран Милановиќ, премиерот на Хрватска и лидерот на коалицијата “Хрватска расте” го искористи своето право и гласаше на осмите парламентарни изботи. Откако го даде својот глас, истакна дека после четири години се чувствува како среќен човек, но и додаде дека ова до сега се беше игра и дека пред неговите соработници дури сега е работата, јави репортерот на Anadolu Agency (AA).
“Се чувствувам среќно бидејќи и служев на својата држава, на нејзиното стопанство и безбедност. Имавме многу жестока кампања, која за жал беше одбележана со бегалската криза, со говор на омраза и со подривање на кризата која ХДЗ и нејзините помагачи веќе неколку години ја шират во Хрватска. Верувам дека ќе победиме на овие избори и дека ќе ја формираме следната хрватска влада. За да го направиме тоа, според хрватскиот устав потребно ни е 76 или повеќе луѓе, не раце, туку глави од различни партии. Toa секако по прогласување на изборните резултати никој нема да го има, но верувам и чувствувам дека сме се поблиску до тоа” , изјави Милановиќ и додаде:
“Очекувам добар одзив на гласачите на изборите, бидејќи луѓето се преплашени. На ХДЗ тоа ќе му се врати како бумеранг. “
Актуелниот хрватски премиер Милановиќ, ги повика хрватските граѓани да излезат во што поголем број, истакнуваќи дека ова се најважните избори за земјата во последните четири години.
“Луѓе, излезете бидејќи знаете колку тоа е важно. Ова се најважните избори во последните четири години. Се ова порано беше само игра, ова сега е вистинската работа. “
Право на глас на осмите парламентарни избори имаат 3,8 милиони гласачи во Хрватска и во странство. Ова се првите парламентарни избори каде гласачите имаат можност за преференцијално гласање. Избирачките места се отворени во 7 часот и се затвораат во 19 часот, кога престанува изборниот молк.
Првите непотполни резултати Државната изборна комисија (ДИП) ќе ги објави во 22 часот.