Adel Ömeragiç
21 Декември 2015•Ажурирај: 21 Декември 2015
ПОДГОРИЦА (АА) - Црна Гора денес на Меѓувладината конференција која се одржува во Брисел, ќе отвори две нови поглавја во преговорите со Европската унија, јавува Anadolu Agency (АА).
Црна Гора до сега отвори 20 поглавја од вкупно 35, а денеска ќе се отворат преговорите за поглавјата 14- Сообраќајна политика и 15-Енергетика.
Поглавје 14 ги опфаќа прописите и стандардите за побезбеден, конкурентен и поекономичен сообраќај регулиран преку областа на патниот сообраќај и патната инфраструктура, железнички сообраќај, воздушниот сообраќај, поморски, внатрешната пловидба, комбиниран транспорт и сателитска навигација.
15. поглавје содржи правила и политики кои ја покриваат за конкуренцијата и државната помош, внатрешниот пазар на енергија, промоција на обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност, управувањето со кризи и обврски во врска со безбедноста на испораките на нафта, нуклеарна енергија и нуклеарна безбедност и заштита од радијација.
Државната делегација на Црна Гора на меѓувладината конференција, ќе биде предводена од заменик-премиерот и министерот за надворешни работи и европска интеграција, Игор Лукшиќ, а во делегацијата ќе биде државниот секретар за европски интеграции и главен преговарач на Александар Андрија Пејовиќ, генералниот директор за енергетска ефикасност на Министерството за економија и шеф на работната група за поглавје 15, Драгица Секулиќ, генерален директор на воздушен транспорт при Министерството за транспорт и поморски работи Небојша Крстајиќ, како и секретарот на преговарачка група Миодраг Радовиќ.