Nazlı Yüzbaşıoğlu
02 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу им честита на новите привремени 5 членки на Советот за безбедност при ОН (СБОН), и изјави: „Го потсетуваме СБОН на нашиот принцип дека светот е поголем од 5, и очекуваме да нѐ вклучат во активностите за да го дадеме својот придонес“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во честитката што Чавушоглу ја објави преку својот профил на Твитер се вели: „Им честитаме на новите пет привремени членки на Советот за безбедност при ОН (Етиопија, Боливија, Казахстан, Шведска и Италија), чијшто двогодишен период започна на 1. јануари. Светот е поголем од 5, очекуваме да не го заборават нашиот принцип и да нѐ вклучат во активностите на Советот за безбедност при ОН“.
На Венецуела, Малезија, Нов Зеланд, Шпанија и Ангола им заврши двегодишниот мандат во Советот за безбедност при ОН, а на нивно место на изборите во јуни се избрани Етиопија, Боливија, Казахстан, Шведска и Италија.
Советот брои 15 држави-членки, а постојани членки се САД, Русија, Франција, Кина и Англија. Привремените 10 членки се бираат со мандат од 2 години, а 5 од нив се менуваат секоја година.
На крајот од 2017 година им завршуваат мандатите на Јапонија, Украина, Уругвај, Египет и Сенегал, а на нивно место ќе бидат избрани 5 нови членки.