Ayşe Yıldız
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, по повод неиздавањето дозвола за активности на турската популација во Холандија поврзани со референдумот кој на 16 април ќе се одржи во Турција, изјави: „Тоа е Холандија, која соопшти 'Не можете да правите кампања на наш јавен простор'. Што значи тоа не можете? Каде е демократијата, каде е слободата на изразување? Нели вие ни давате часови по тие теми... Каде е слободата на собирање. Тоа ли е тоа вашето разбирање на демократијата? Немојте да ни замерите, но никој од вас не ќе може да не спречи. Ќе одиме, ќе се сретнеме и ќе се состанеме со нашите државјани”, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу кој продолжува со своите средби, во Анталија се сретна со граѓаните.
Министерот Чавушоглу во разговорот со граѓаните го презентираше претседателскиот систем и даде многу примери за него во светот. Во своето обраќање, Чавушоглу рече:
„Пораките кои ќе им ги дадеме на нашите државјани на тие средби се во согласност со тие земји. Тие ги имаат своите права во земјите во кои живеат и го даваат својот придонес. Вие немојте да се плашите од нас. Им давате на членовите на ПКК, се поврзуваат директно телефонски, а на нашиот претседател таа можност не му ја овозможивте. Сега се собрале сите и водат кампања „Не” за референдумот. Велите 'Ќе им дозволиме на оние кои ќе водат кампањи „Не”, а нема да им дозволиме на оние кои водат кампањи „За” , за референдумот'. Ќе покажеме дека ваквото размислување е доволна причина да се гласа „За” на референдумот во април”.